Шест возила оштетени од силниот ветер во Тетовско

Од:

Шест возила се оштетени како последица од паѓањето на разни предмети од околните објекти од силниот ветер што изутрината го зафати Тетово и неговата околина. 

Тетовските пожарникари интервенирале на седум места каде што добиле пријави од граѓаните за предизвикани штети.  
Според раководителот на Територијална противпожарна единица-Тетово, Ука Алити, нема повредени ниту граѓани, ниту од пожарникарите кои интервенирале.  

Најголема штета претрпело семјството на Таир Халим откако врз покривот од нивната куќа паднал дел од покривот на соседната зграда. Според Халим, вкупната материјална штета е околу триста илјади денари.

– Цела чатија од соседната зграда налета директно во нашата куќа и падна врз покривот така што имаме голема материјална штета, рече Халим.

Општината формирала Кризен штаб за евидентирање и проценка на штетите и определување на соодветно обештетување.

– Ги упативме сите граѓани во нашата архива да направат барање за да може Комисијата да излезе на увид и преку нашиот Совет да им доделиме еднократна помош, изјави градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи.

Покрај оштетени возила и објекти, силниот ветер предизвика и паѓање на неколку дрва на повеќе места во градот, кои веднаш беа отстранети.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски