Високите температури без поголемо негативно влијание врз земјоделството

Од:

Невообичаено топлото време во овој период од годината што ја зафати Македонија не е алармантно за земјоделските култури.

Според агрометеоролозите, под ризик се можеби овошките и виновата лоза, но и тоа е речиси исклучено зашто веќе од петок се најавува пад на температурите.

Врз есенските посеви, пак, промените на временските услови немаат никакво влијание.

– Досега немаше екстремно ниски температури, па скоро цело време, од седибата до сега, пченицата вегетира, расте. Касно поникна и во презимување велзе во ниски фази на развој, вели агрометеорологот Ангелко Ангелески од УХМР.

Во јужните делови на Македонија има процветани овошки, процвета и рузмаринот што не е вообиачено за овој период од годината. Ако се задржат повисоките температури, додава Ангелески, можно е да процветаат и дурги култури. Сепак, прекраток е периодот на топлото време.

– Вакви температурни услови во јануари се регистрирани и во други години, но бидејќи траат недоволно долго, не можат да предизвикаат какви било драстични влијанија. Од петок повторно се очекува намалување на температурите, додава Ангелески.

УХМР вчера забележа 18 степени во Битола каде во овој период од годината се вообичаени -18, што е разлика од околу 35 до 36 степени.

Би можело да ве интересира

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади