СДСМ: Граѓаните и фирмите тонат во сироматшија, а Радио Слободна Македонија остварува илјадници евра приход

Од:

„Според официјални податоци на Централниот регистар, Радио Слободна Македонија остварило приходи од 617.000 евра, за две години!

Тоа успева да го оствари со еден вработен, додека граѓаните и фирмите тонат во сиромаштија.

За една година, со само еден вработен, Радио Слободна Македонија успеала да направи обрт од 242 000 евра!

Но, очигледно е дека зад Радио Слободна Македонија стојат Мијалков и Груевски и очигледно од таму се илјадниците евра приход на Радио Слободна Македонија.

Prihodi, Radio Slobodna Makedonija

Еден од сопствениците на Радио Слободна Македонија е фирмата НВСП, којашто е фирма основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто пак директно стои Сашо Мијалков, братучедот на премиерот во заминување, Никола Груевски.

Сопственикот на фирмата НВСП, сопственик и на Радио Слободна Македонија, Владислав Стајковиќ е близок со кумашинот на Мијалков, Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-Мобиле Македонија.

Граѓаните слушнаа за поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП, со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел, во проектот Вистината за Македонија.

Фирмата НВСП е поврзана и со фирмата сопственик на Курир, ЕМ МЕДИА ДОО Скопје.

За ширење пропаганда и штитење на власта во заминување милиони и илјадници евра, а за граѓаните арач и сиромаштија од Груевски и Мијалков.

И Радио Слободна Македонија е соучесник заедно со Курир и Република во креирањето на лажната реалност со цел да ги заштитат криминалите и провизиите на Груевски и фамилијата.

Наскоро ќе стане јасно и ќе се добие одговор како се финансира Радио Слободна Македонија, за колку пари и од чии пари“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски ја труе Македонија – СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода

А1он

СДСМ: Загадена вода во шест населени места – без одговорност и кривични пријави

А1он

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје