Меси добитник на „Златната топка“ за 2015 година

Од:

Аргентинецот и фудбалер на Барселона, Лионел Меси е добитник на наградата за најдобар фудбалер за 2015 година или популарната „Златна топка“ што ја доделуваат ФИФА и магазинот „Франс фудбал“. Ова беше јубилеен 60.ти избор за најдобар светски фудбалер, а Меси по петти пат е избран за најдобар. Претходно тој наградите ги освојуваше во 2009, 2010, 2011 и 2012 година.

Во конкуренција беа Кристијано Роналдо (лански добитник) кој е втор и Нејмар кој е на трето место.

Во конкуренција кај жените за најдобра е избрана Американката Карли Лојд, додека признанието за најдобар тренер кај жените и припадна на Џили Елис (селектор на САД). Луис Енрике тренерот на Барселона е најдобар во машка конкуренција.

Најдобриот тим го сочинуваат: Мануел Ноер (Баерн), Алвеш (Барселона) Серхио Рамос (Реал Мадрид), Тиаго Силва (ПСЖ), Марсело (Реал Мадрид), Лука Модриќ (Реал Мадрид) Иниеста (Барселона), Пол Погба (Јувентус), Лионел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) и Нејмар (Барселона).

Би можело да ве интересира

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ