Премиерот Ивица Дачиќ рече дека владата има предлог за конечно решение на косовскиот проблем, но дека е подготвена да разговара со Приштина.
„Имаме предлог за конечно решение, но ако за тоа не можеме да се договориме, треба да се види што може да се направи за да се подобри животот на граѓаните, рече Дачиќ за РТС, пред новата рунда преговори со косовскиот премиер Хашим Тачи, најавени за 7. ноември во Брисел.
Премиерот повтори дека владата е подготвена да го реши косовскиот проблем и дека не сака да го остава на идните генерации, но истакна дека преговорите ќе бидат водени без притисок.
„Подготвени се ова прашање да не го оставаме на идните генерации. Мораме да го решиме целокупниот проблем со Косово. Не сакам никого да лажам и сега се знае точно што можеме, а што не“, вели Дачиќ.
Дачиќ изјави дека не е точно дека се размислува за отворање на канцеларии на двете страни и во Белград и во Приштина.