Во Охрид во обид за грабеж, вчера физички била нападната сопственичката на менувачница „Васко М“,во ТЦ-Амам лоциран на ул. „Македонски Просветители“.
МВР денеска соопшти дека вчера во 18.10 часот во ТЦ-Амам во менувачница „Васко М“, две непознати лица влегле внатре и едно од нив со рака ја удрил сопственичката Н.М., Откако таа викнала, се појаснува во соопштението, дошол нејзиниот сопруг, а лицата побегнале не одземајќи ништо од менувачницата.
СВР-Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите.