По комплетирањето на второто коло од кошаркарската Евролига три екипи имаат по две победи. Синоќа вториот триумф го забележаа Фенербахче на гостувањето кај Црвена Звезда и Локомотив Кубан на домашен терен над Анадолу Ефес, додека во четвртокот Олимпијакос победи на теренот на Лаборал.
Резултати од второто коло:
Е група: Дарушафака – Цедевита 72:79, Локомотив Кубан – Анадолу Ефес 78:77, Црвена Звезда – Фенербахче 65:88 и Панатинаикос – Уникаха 68:66.
Табела: Фенербахче 2-0 (победи-порази), Локомотив Кубан 2-0, Уникаха 1-1, Анадолу Ефес 1-1, Панатинаикос 1-1, Цедевита 1-1, Дарушафака 0-2, Црвена Звзезда 0-2.
Е група: ЦСКА Москва – Реал Мадрид 95:81, Лаборал – Олимпијакос 76:82, Барселона – Химки 87:70 и Бамберг – Жалгирис 96:63.
Табела: Олимпијакос 2-0, Бамберг 1-1, Лаборал 1-1, ЦСКА Москва 1-1, Барселона 1-1, Реал Мадрид 1-1, Химки 0-2, Жалгирис 0-2.