Фатениот наркобос „Ел Чапо“ ќе биде вратен во затворот од кој побегна

Од:

 Главниот мексикански обвинител Арели Гомес на прес конференција изјави дека наркобосот Хоакин „Ел Чапо“ Гусман ќе биде вратен во затворот „Алтиплано“, истиот строго чуван затвор од кој побегна на 11 јули лани преку ископан тунел, пренесоа американските медиуми.

Гусман беше фатен вчера утрината во крајбрежниот мексикански град Лос Мочис, а главниот обвинител на Мексико изјави дека локализирањето на наркобосот донекаде се должи на тоа што тој сакал да снима биографски филм.

-Уште еден важен аспект што дозволи да го утврдиме неговот место на престој беше информацијата дека имал  намера да сними биографски филм, рече Гомес, цитирана од ТАСС. „За таа цел Гусман стапил во контакт со актерки и продуценти.“

По завршувањето на прес конференцијата фатениот наркобарон беше покажан пред камерите и качен во транспортен авион на мексиканските вооружени сили, забележа ТАСС.

Гусман вчераутро прво и избегал на потерата преку канал од канализација, но потоа бил фатен кога се обидел да избега со автомобил, информира мексиканската Влада, цитирана од британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори