СДСМ: Партијата на Груевски позади земјоделецот од МАРнет и МАРнет

Од:

„Каква е поврзаноста на партијата на Груевски со земјоделецот од Велес, вработен во МАРнет, што го доби доменот Збогум Никола, купен од СДСМ?

Од каде знае партијата на Груевски што направиле од МАРнет, освен ако јавната установа не работи по нивна директива?

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ излезе да ги брани земјоделецот од МАРнет и јавната установа МАРнет е потврда на сомнежите дека власта на Груевски стои зад направените злоупотреби.

Скандал е тоа што доменот zbogumnikola.mk украден од СДСМ, е регистриран на име што води кон вработен во МАРнет.

Новак Новаков од Велес е вработен во МАРнет, а zbogumnikola.mk е регистриран на Новакови, индивидуален земјоделец од Велес.

За неколку дена, откако обелоденивме што се прави преку МАРнет, доменот е пререгистриран од индивидуалниот земјоделец Новакови, на име на непостоечка фирма – СОЛЕ ПРОМ, па на извесен Ванчо Петрушевски од село Добри Дол, кој не знаел зошто го купил доменот!

Ова е класична злоупотреба на институциите од страна на Груевски и неговите соработници кои мислеа дека ќе го спречат функционирањето на интернет страницата Збогум Никола.

Граѓаните им одбројуваат на Груевски и неговата власт преку zbogumnikola.com, а ќе се дознае по чиј налог работи МАРнет и за чии интереси, на граѓаните или на власта.

Почнавме да го демонтираме криминалниот систем на власта на Никола Груевски и ќе ги ослободиме интитуциите, граѓаните и фирмите.

Сите кои учествувале во злоупотребите, ќе одговараат“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски