Десет ученици од основни училишта од Крижевци, Хрватска, зимскиот распуст го поминуваат во Спортско-рекреативниот центар Пониква на Осоговските Планини.
– На Пониква гостуваат најуспешните ученици од основните училишта од Крижевци. Зимувањето е овозможено од Општина Кочани и е резултат на соработката на двете збратимени општини Кочани и Крижевци. Станува збор за возвратна посета којашто се реализира по летувањето кое им беше овозможено за учениците на генерацијата од
Кочани, во Паг, Хрватска, изјави Голубинка Георгиева, раководителка на Одделнието за јавни дејности во Општина Кочани.
Некои од гостите изјавија дека зимувалиштето Пониква им оставило убав впечаток, а снежната покривка им донела дополнително уживање и забава. Претставниците од Општината на гостите им доделија симболични подароци од Кочани.