Федерер експресно до четвртфиналето во Бризбејн

Од:

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер забележа експресна победа на првиот свој дуел оваа година. Првиот носител на турнирот денеска за помалку од еден час игра го совлада Тобијас Камке во осминафиналето во Бризбејн, Австралија со 2-0, по сетови 6:2 и 6:1.

Следен противник на Федерер ќе му биде Бугаринот Григор Димитров.

На другите денешни осминафинални дуели:

Давид Гофин (Белгија) – Лукас Пуле (Франција) 1-2 (6:7, 6:4, 3:6),
Иван Додиг (Хрватска) – Милош Раониќ (Канада) 1-2 (7:6, 1:6, 4:6),
Виктор Троицки (Србија) – Григор Димитров (Бугарија) 1-2 (7:5, 6:7, 2:6).

Двојки за четвртфиналето:

Федерер – Димитров,

Марин Чилиќ (Хрватска) – Доминик Тием (Австрија),
Раониќ – Пуле и
Бернард Томиќ (Австралија) – Кеи Нишикори (Јапонија).

Трофејот од лани го брани Федерер.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров