Првите носители на турнирот во Доха Новак Ѓоковиќ (број 1) и Рафаел Надал (број 2), како и третиот Томаш Бердих обезбедија пласман во следната рунда.
Во текот на вчерашниот ден сите остварија победи од 2:0 во сетови во рамките на мечевите од второто коло.
Ѓоковиќ го победи Фернандо Вердаско со 6:2 и 6:2 во сетови, Надал беше поуспешен од Робин Хасе со 6:3 и 6:2, додека Бердих славеше над Дамир Џумхур од Босна и Хергцеговина со 6:0 и 6:4.
Во четвртфиналето најдобриот светски тенисер Ѓоковиќ ќе игра против Леонардо Маер, Надал за ривал ќе го има Андреј Кузнецов.
Другите две четвртфинални двојки се: Бердих – Едмунд и Чарди – Марченко.