Македонскиот каратист Дејан Недев од денеска до 9 јануари ќе учествува на врвен карате семинар под водство на Сенсеи Хидео Очи 9 Дан, кој е повекекратен светски шампион, и ЈКА шампион на Јапонија од 1966 до 1969 година, а исто така, долги години и селектор и тренер на Германската карате репрезентација.
Како што соопшти Македонската традиционална карате федерација, со овој семинар и официјално започнуваат активностите на Федерацијата за 2016 година.
– Оваа година ќе има многу активности на домашен и меѓународен план, а најважни настани се: ИТКФ Светскиот куп во Хургада Египет кон средината на февруари и Европскиот шампионат во Скопје кон крајот на октомври месец, се вели во соопштението од МТКФ.