Свечена Бадникарска литија низ улиците на Охрид

Од:

Повеќе од 200 деца од Охрид ќе бидат дел од денешната Бадникарската литија што третпат ќе се одржи како дел од одбележувањето на големиот православен празник „Божик“.

Литијата ќе почне во 10 часот пред храмот ,,Св.Георгиј“ и ќе продолжи по улиците „Питу Гули“ и „Јане Сандански“, по кејот на Охридското Езеро до Градскиот плоштад. Тука децата ќе бидат пречекани од претставници на локалната самоуправа, кои според најавите ќе им даруваат подароци. Потоа литијата според вообичаената практика ќе помине низ Охридската чаршија се до храмот „Успение на Пресвета Богородица-Каменско“, каде што на децата ќе им биде организиран пречек и ќе има бидат поделени подароци. Целиот свечен настан ќе заврши со заедничка молитва во храмот и заеднички Бадников ручек.

Од организацискиот одбор велат дека литијата има за цел продолжување на старата изворна и духовна традиција за прослава на овој празник.

– Дечињата кои ќе бидат дел од литијата се своевидна преслика на ангелите кои со пештерата на раце симболично ќе го навестат раѓањето на Синот божји, пеејќи ја некогашната стара коледарска песна „Вечниот Бог’’, велат од организациониот одбор на манифестацијата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски