МЗШВ: Неточни и непроверени се информациите на Николовски за Шумската полиција

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку соопштение ги оцени како неточни и непроверени информациите што денеска ги изнесе дополнителниот заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски за шумската полиција.
– Не знаеме од каде му е храброста на Николовски да говори за основни услови за работа, како и за нормално функционирање на шумската полиција, но, доколку не знае, би било добро да си ги праша сопартијците и нивниот заменик министер Санде Џамбазовски, каков беше третманот на шумските полицајци во периодите кога на власт беше СДСМ, се вели во реакцијата.
Воедно, се појаснува дека Шумската полиција е формирана во времето на СДСМ, во 1996/97 година, кога биле вработени 130 шумски полицајци, од кои, се посочува, повторно во времето на СДСМ, 2002-2006 година, 40-ина биле избркани од работа како технолошки вишок. Оо 2006 година, кога на власт дојде актуелната владејачка гарнитура до денес, пак, се наведува, бројот на вработени во 30-те шумско – полициски станици се зголемил на над 380 шумски полицајци кои имаат решен статус, т.е. како служба формирана со Законот за шуми, а нивната работа е регулирана со Правилник за униформа и вооружување, што се подзаконски акти од Законот за шуми, при што воведено е и право за надомест за работа во ноќни услови и на државни празници. 
– Со сето ова е зајакнат капацитетот на Шумската полиција, што беше незамисливо во периодите во кои на власт беше СДСМ, кој сите овие лица ги остави без решен статус. Покрај сето ова, ќе ја потсетиме јавноста дека во МЗШВ е формирана работна група од претставници на Синдикатот и од Шумската полиција, за подготвување на Предлог колективен договор со кој дополнително ќе се подобри и регулира статусот на шумската полиција. МЗШВ упорно ќе продолжи да го бара решението за подобрување на нивниот статус и за дополнително подигнување на нивото и на условите за работа на шумската полиција, стои во реакцијата од МЗШВ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата