За празници, без најава, општина Карпош донесе два ДУП-а
Без најава и без знаење, за време на Новогодишните и Божикните празници, градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски, денеска на седница на Совет ги стави дополнително двата ДУП-а, за кои имаше силно негодување од жителите на општината.
Се работи за ДУП Тафталиџе 1 и ДУП Карпош 3 . Советниците од опозицијата, предводена од СДСМ, ја напуштија седницата, а мнозинството само си ги изгласа плановите. Советниците велат, не ни знаеме што е точно сега во плановите, бидејќи ги добиле непосредно пред седницата. Не се знае и што од забелешките од јавната расправа е прифатено.Граѓаните негодуваа на уништувањето на зелени површини за сметка на објекти.
„ Го имаат мнозинството, но ова го направија скришум за да не им се соберат незадоволните жители на Карпош“, велат советниците за А1он.