Премиерот на Косово, Хашим Тачи изјави дека суштинската автономија за северот на Косово е „стар сон на Србија кој никогаш нема да се оствари“.
„Тоа беше стар сон на Србија. Тој сон никогаш нема да се оствари. Таков одговор добија од демократскиот свет. Таквата идеја, која е претставена во српските медиуми, нема да може да се оствари на независното и суверено Косово кое има исклучително голема поддршка од САД и ЕУ“, изјави Тачи.
Тој додаде дека преку политичките разговори со Србија за нормализација на односите ќе се завршат со меѓусебно признавање.
Тачи рече дека во тие разговори ќе биде вклучена и косовската опозиција.