Димитар Мирчев нов член на Европската академија на науки и уметности во Салцбург

Од:

Универзитетскиот професор, политиколог и поранешен амбасадор Димитар Мирчев е избран за нов редовен член на Европската академија на науки и уметности со седиште во Салцбург, Австрија.

Претседателството на Европската академија на науки и уметности со седиште во Салцбург, Австрија и нејзиниот претседател, проф. Феликс Унгер, објавија дека за нов редовен член на Академијата е избран д-р Димитар Мирчев, професор Емеритус по политички науки од Македонија и тоа во Оделот за општествени науки, право и економија.

Во Академијата досега се избрани десет члена од Македонија, како и многу познати европски научници, меѓу нив и 18 нобеловци.

Инаугурацијата на проф. Мирчев ќе се одржи на церемонијата во почетокот на март, во Салцбург.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза