Во најдобрата шпанска кошаркарска лига поставен е нов рекорд на гледачи на еден натпревар. На дерби мечот од 14.коло одигран синоќа во арената „Фернандо Буенса“ во Виторија, дуелот меѓу Лаборал Куча и Реал Мадрид го следеа 15.554 гледачи.
Претходниот рекорд во Лига Ендеса исто така беше поставен во истата арена кога сезоната 2001/2012 дуелот на овие шпански ривали го следеле 15.504 гледачи.
Лаборал ја искористи големата поддршка од навивачите и го победи Реал со 86:80.
Доскорешниот играч на „кралевите“ Јанис Бурусис беше најефикасниот кошаркар во победничката екипа со постигнати 24 поени, а Гркот имаше и осум скокови.
Двата тима имаат идентичен скор од 11 победи и три порази, две победи помалку од второпласираната Барселона, односно три од досега непоразената Валенсија, која вчера пред својата публика ја победи Уникаха Малага со 81:70.