Тиквата и сливата да се вратат на нивите, бараат трговците

Од:

Сливата, тиквата, јапонското јаболко и фефероната да се вратат на земјоделските површини, бараат трговците. Велат дека пазарот има недостиг од одредени земјоделски култури, пред се поради негативното влијание на климатските промени, но и поради ориентирањето на земјоделците кон само една култура.

– Наша препорака е да се вметнат 4-5 нови производи за да се растоварат досегашните колични пролетна зелка, зимска зелка, зелка на отворено, куртовска капија, да се одгледува повеќе слива чачанка, јапонска јаболка шарон. Имаме договорно производство и за извоз на поголеми количини тиква во 2016 година, фефероната скоро и да умира, во 2015-та многу малку се прозиведува, вели Ацо Стоилков, откупувач на земјоделски производи.

Стоилков смета дека договорното производство и напорите за стимулирање на младите да се вратат на нивите ќе помогне за развој на земјоделството. Дополнително, според него, потребни се поголем број откупни пунктови во Струмичко, за производство, пакување и пласман на земјоделските прозиводи според европски стандарди.
Експертите се децидни, почвата во струмичкото поле е одлична за овие, според нив, атрактивни култури.

– Уште од сега има голем интерес на германскиот пазар за пласман на сушена слива, бидејќи влакната од овој плод имаат големо антиканцерогено дејство. Во струмичкиот регион, постојат одлични педолошки услови за сливата чачанка и стенлеј. Јапонското јаболко, освен во Валандовско каде што дава од 2.000-3.000 тони годишно, доживува експанзија и во Струмичко, објаснува д-р Ристо Вучков, земјоделски експерт.

Советуваат, производството да не биде стихијно, туку организирано, со професиоланен надзор и совети за да се достигне добар квалитет, а со тоа и подобра цена.

Според откупувачите, минатата година куртовата капија, сливата и праската поминале одлично, додека производителите на домати имаа една од полошите години, предизвикана од климатските промени и конкуренцијата на странските пазари.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза