Поранешниот македонски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб кариерата ќе ја продолжи во француската екипа Лимож, објавија француските медиуми.
Американецот со македонски пасош имаше неуспешен обид оваа сезона да заигра во НБА лигата. Тој беше и на проба во Њу Орлеанс, но не успеа да се избори за место во првиот тим и по повеќемесечена пауза се враќа во Европа.
Претходно, Мекејлеб настапуваше за Баерн Минхен, Фенербахче, Монтепаски Сиена, Партизан.
Триесет-годишниот Бо беше дел од македонската репрезентација, која на Европското првенство во Литванија 2011 година го освои историското четврто место.