Министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија и Иран, Адел ал Џубеир и Џавад Зариф во одвоени разговори со австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц изјавија дека нивните земји не сакаат да има натамошно зајакнување на меѓусебните тензии поради егзекуцијата на саудискиот шиитски духовен лидер Нимр ал Нимр.
Портпаролот на австриското МНР изјави дека Курц ги повикал двајцата министри да вложат напори за деескалација на конфликтот и дијалогот.
Нимр ал Нимр беше егзекутиран во Саудиска Арабија вчера по пресудата за поттикнување на бунт против Кралството, изречена во октомври 2014 година. Тоа предизвика бурни реакции во шиитски Иран.