Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека на ниту еден начин не може да бидат оправдани синоќешните напади врз Амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран и на саудискиот Конзулат во Машхад.
– Дејствијата на група екстремисти синоќа во Техеран и Машхад против Амбасадата и Конзулатот на Саудиска Арабија, кои правно и верски треба да бидат под заштита на Исламската република е целосно недозволиво, истакна Рохани.
Тој истовремено ја осуди и егзекуцијата на саудискиот шиитски духовен лидер Нимр ал Нимр, што беше причина за насилството.