Кривична пријава за жител на Ниш, кој извршил две кражба во Карпош

Од:

СВР – Скопје до надлежното Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против В.П. (44) од Ниш, Република Србија, поради основано сомнение дека извршил две кривични дела „тешка кражба на особено дрзок начин“ и „тешка кражба во обид“ за што од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Кривичните дела, соопшти МВР, пријавениот заедно со уште едно засега непознато лице ги извршиле на 31 декември во раните утрински часови на улица „Париска“ на подрачје на Карпош.

Имено, првото кривично дело – тешка кражба на особено дрзок начин – во стан пријавениот заедно со Н.Н. лицето го извршиле на тој начин што откако дошле до влезната блиндор врата од станот со употреба на погоден алат ја отклучиле влезната врата од станот и влегле во претсобјето. На шкафчето во предсобјето пронашле една женска чанта која ја зеле со себе, а потоа ја отвориле вратата од спалната соба, каде спиеле оштетените, влегле во собата и од едното столче земале една машка јакна и незабележани од оштетените кои цврсто спиеле излегле од станот. На одморалиштето ги пребарале џебовите од јакната во кои не нашле ништо, а по пребарување на чанта во еден паричник пронашле и одзеле 1.100 денари, а потоа повторно го вратиле паричникот во чантата и заедно со јакната ги вратиле во предсобјето на станот, по што истите го напуштиле лице местото.

Веднаш после извршувањето на првото кривично дело В.П. и непознатото лице дошле до влезната блиндор врата од соседниот стан и со употреба на погоден алат се обиделе да делуваат на бравата, но бидејќи на самата брава имало од внатрешноста клуч од сопственикот, пријавените по неколку неуспешни обиди за да ја отворат заклучената влезна врата, се откажале од намерата и го напуштиле лице местото.

Сторителите биле забележани од оштетениот кој веднаш ја известил полицијата за настанот и од страна на УПС на ул „Бледски Договор“ бил фатен пријавениот В.П. и приведен. Во Полициската станица Карпош извршен е разговор со пријавениот кој го признал и појаснил начинот на извршување на кривичното дело.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он