Божјата рака ќе се одмазди за егзекуцијата на саудискиот шиитски духовен лидер Нимр ал Нимр, изјави денеска иранскиот духовен лидер ајатолахот Али Хамнеи.
– Нема сомение дека неправедно пролеаната крв на тој маченик наскоро ќе ги даде своите плодови и божјата одмазда ќе падне врз саудиските политичари, изјави Хамнеи.
Во обраќање пред верски лица тој егзекуцијата ја нарече „политичка грешка“ на саудискиот режим.
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун во меѓувреме изрази жалење поради егзекуцијата на 47-те лица осудени на смрт во Саудиска Арабија и повторно потврди дека тој не ја поддржува смртната казна.
Портпаролот на Бан, Стефан Дјуџарик изјави вчера дека пресудите, кои беа спроведени во Саудиска Арабија предизивкаа голема загриженост.
Дјуџарик изјави дека Бан повеќе пати досега го покренал прашањето за судбината на Нимр ал Нимр пред саудиските власти.