„Нови светски хакери“ презеде одговорност за кибернападот врз Би-Би-Си

Од:

Хакерската група „Нови светски хакери“, противници на џихадистичката група Исламска држава, презеде одговорност за кибернападот врз сајтовите на британската радиотелевизиска корпоорација Би-Би-Си.

Хакерската група во електронски писма испратени до Би-Би-Си наведува дека нападот бил само „тест на сопствените способности“ и оти не сакале да ја нарушат работата на компанијата.

– Ние знаеме дека тоа што го правиме, секогаш не е најправилно, но без кибернападите, што друго ни останува, за да се бориме против терористите, се наведува во писмото на „Нови светски хакери“.

Групата, исто така, додава дека нивата цел е да ја спречат незаконската исламистичка пропаганда на интернет.

Утрото на 31 декември неколку часа беше блокиран пристапот до низа сајтови на Би-Би-Си, вклучително и страниците за вести и за видео-снимки.

Портпаролката на Би-Би-Си изјави дека медиумската корпорација нема да ги коментира тврдењата на хакерската група.

Би можело да ве интересира

Хакери влегуваат во сметките на граѓаните, над 5.000 измамнички трансакции за една година во Македонија

Агенти на тајната единица 29155 вршат сајбер напади во земји членки на НАТО и ЕУ

Загреб: Хакерите ги оставија пациентите без зрачење, а сега се уште бараат откуп за украдените податоци

Горан Наумовски

Руски хакери нападнаа хрватски институции: „Одамна не сме ја посетиле Хрватска“

Предраг Петровиќ

КБЦ Загреб: Не нападнаа хакери, моравме се да исклучиме

Горан Наумовски

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски