Амбасада на Саудиска Арабија по 25 години повторно е отворена во главниот град на Ирак, Багдад, јави денеска телевизијата Ал Арабија.
На церемонијата присуствувале ирачки политичари, а саудискиот амбасадор Тамер ал Сабхан стапи на должноста на 30 декември.
– Мојата основна задача ќе биде соработката на двете земји во борбата против тероризмот. Ријад е отворен за сите учесници во политичкиот процес во Ирак, посочи Сабхан.
Амбасадата на Саудиска Арабија во Ирак беше затворена во 1990 година поради ирачката агресија врз Кувајт.