Дочекот на Новата година во Прага, помина мирно, без посериозни прекршоци, иако имаше серија пожари, соопшти чешката полиција.
Како што јави дописникот на МИА од чешкиот главен град, на традиционалните прослави на Вацлавскиот плоштад и Стариот градски плоштад иако имаше илјадници луѓе, сепак нивното присуство беше помало од претходните години.
Прашката противпожарна служба интервенирала во неколку случаи, каде во најголем број гореле новогодишните елки и еден запален автомобил од пиротехнички средства, при што еден 26-годишен маж бил повреден.