(ВИДЕО) Спасовски: Фантомски гласачи се впишувани во куќите на државни службеници

Од:

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, откри нови детали од истрагата за незаконски издаваните лични карти. На денешната собраниска седница тој рече дека фантомски гласачи биле впишувани на адреса на која се наоѓаат домовите на државни службеници.

-Во Ресен во куќата на раководителот на центарот за управување со кризи се запишани 20 луѓе без решение за живеалиште. Во Кичево во куќата на директорот на гимназијата се запишани 18 лица. Ќе излезат уште многу сознанија за тоа како се полнат избирачките места, за тоа како вработени во одредени фирми блиски до носители на функции на ВМРО-ДПМНЕ ги праќале нивните да гласаат во Гази Баба, а од таму во Центар – рече Спасовски.

Тој апелираше на трепение до крајот на истрагата која треба да покаже кој стои зад големата афера со личните карти.

Спасовски одговараше на прашање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој праша дали е министерот вмешан во аферата за фалсификувани лични карти, која во јавноста е наречена „фабрика за афери“. Димовски во детали раскажа што се е најдено во домовите на осомничените, при претресот од страна на јавното обвинителство.

-Утврдено е дека се укратени 120.000 идентитети, пронајдени се фалсификувани пасоши, фалсификувани банкарски сметки и трансакции, 78 панцир елеци, околу 70.000 снимани прислушувани разговори во фолдер наречен „СДСМ Заев“. Неколку дена ве немаше во јавност да го изнесете вашиот став, иако медиумите се обидувале да ве добијат. Жално е што пред да биде објавена аферата јавно повивкувавте да не се брза со истрагата. Пронајдени се дополнителни фалц печати од повеќе правни лица, пронајдени се администраторски пристапи до неколку веб портали, блиски кои соработуваат со вашата партија. Дали и колку пати во текот на минатата година сте комуницирале со овие лица – праша пратеникот.

Спасовски негираше дека ги познава осомничените.

-Двајца од луѓето не ги познавам, но сакам да посочам дека тие луѓе ништо не ги амнестира ако се сликале со мене. Треба да имаме квалитетна истрага, а не брза. За овој случај покрената е истрага од страна МВР на 19-ти ноември и известен е јавен обвинител. Тоа не е на барање на јавниот обвинител. Најдените работи во домовите се вештачат и за тоа ќе има информација, извештај и соодветна постапка. Тоа како е злоупотребуван целиот систем, најдените слики, 120.000 украдени идентитети и други патни исправи, тоа е правено годините пред да дојдам во министерството, и е проблем што требало да биде процесуиран, а не бил – рече министерот.

М.В.

Би можело да ве интересира

Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства пред собраниската Комисија за политички систем

Петрушевски: ЕК извештајот констатира дека судиите често избегнуваат одговорност преку правни лавиринти и застарување на предметите

Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам и Законот за експропријација

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки

Собранието го донесе Законот за заем од 500 милиони евра од Унгарија

Пратениците ја почнаа расправата за заемот од Унгарија

Катерина Ѓуровски