Еден работник загина, а други двајца се повредени во големото невреме кое предизвика силни бранови, што погодија една платформа за вадење нафта во Северно Море.
Инцидентот се случил на платформа на норвешката нафтена компанија „Статоил“ што ја дели со една кинеска фирма за нафта, западно од градот Берген, на југозападниот норвешки брег.
Во соопштението на компанијата се вели дека двајцата повредени работници се итно префрлени со хеликоптер на копното.
Невремето кое го погоди северниот дел од регионот во морето каде се вадат нафта и гас од морското дно, ја натера британската компанија „БП“ да ги евакуира своите работници од сите платформи.
Одлуката е донесена откако силните бранови ја уништиле баржата што била прикачена за платформата и која ја користеле вработените .
Компанијата „БП“ има едно свое „нафтно поле“ во Северно Море, на кое се поставени осум платформи.
На платформите во моментот кога е наредена евакуација имало 235 вработени.
Нафтноното поле е лоцирано на 340 километри од јужниот норвешки град Ставингер.