ВИДЕО: Новогодишно обраќање на премиерот Груевски

Од:

„Зад нас е 2015-тата година, пред нас, новата 2016-та. Секој од нас од годината што измина ќе носи спомени, лични и семејни, приватни и професионални, повеќе или помалку убави, добар успех, принова во семејството, загуба на близок, промоција во кариерата, прво вработување… Емоции како во секоја година, таков е животот, а сите ние сме луѓе, и низ емоции и лични судбини и предизвици го живееме.   2015-тата беше година на вонредни предизвици, неочекувани проблеми, но и година на многу постигнати успеси. Во светски рамки тешка, со нараснати тензии, војни, конфликти, терористички напади, но и понудени решенија за глобални предизвици.

На домашен план, во однос на политичките случувања 2015та беше многу тешка година. Година во која се случи политичката криза, сигурно најтешката во историјата на независна Македонија, откако желбата да ја собори оваа власт, некого го натерала незаконски и криминално да организира и да снима телефонски разговори на голем број политичари и јавни личности, кои откога биле добро спакувани, во смисла едитирани, ставени во различен контекст и создадени наменски креирани материјали, со месеци беа оружје со кое се сакаше да се постигне јасна политичка цел, промена на власта во Република Македонија, и тоа на само неколку месеци претходно избрана од убедливото мнозинство граѓани на Македонија на организирани избори, кои никој друг освен нашиот политички опонент не ги прогласи за нефер или недемократски“, рече премиерот Никола Груевски во своето новогодишно обраќање.

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески