Честитка од ДС по повод новогодишните и божикните празници

Од:

Демократскиот сојуз денеска упатичеститка до сите граѓани по повод новогодишните и божикните празници.

– Во новата година да се сплотиме и обединиме за да бидеме посилни и да ги оствариме нашите цели. Годината пред нас нека биде нов почеток за сите и да градиме култура на меѓусебно разбирање, заедништво и компромис за стратешките прашања, се вели во честитката од ДС.

Граѓаните на Република Македонија, се додава во неа, покажале дека се храбри и одлучни да ги промовираат и негуваат вредностите кои не обединуваат како нација, а особено грижата едни за други, солидарноста, вербата и одговорноста.
Веруваме, посочуваат од ДС во честитката, дека сите заедно можеме да постигнеме повеќе и да придонесеме за промени и посреќна иднина.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски