Иванов: Празниците да ни донесат семејна радост, љубов и среќа

Од:

Новата година отсекогаш ги буди најискрените чувства и очекувања кај секој од нас. Затоа сите ние со нетрпение очекуваме старото што побргу да пројде, за новото да дојде и со себе да донесе нова надеж. Надеж дека во годината што доаѓа ќе имаме здравје, ќе шириме љубов и милост, ќе живееме во радост и во среќа. Надеж дека таа радост ќе можеме да ја споделиме со нашите ближни, истакнува во своето новогодишно обраќање претседателот Ѓорге Иванов.

Затоа, нагласува Иванов, да им посветиме љубов и внимание на нашите семејства, на нашите деца, на нашите соседи и пријатели.

– Да бидеме солидарни кон болните, немоќните и кон секој што има потреба од наша поддршка и помош. Да бидеме благодарни кон храбрите чувари на нашата безбедност поради кои и вечерва Македонија може мирно и безгрижно да прославува, додава Иванов.

Имаме историска одговорност, како што нагласува македонскиот претседател, пред нашите потомци да им ја оставиме Македонија посилна и поуспешна, отколку што ја наследивме од нашите предци.

– Затоа, сплотени, со чувство за државност и за сувереност да продолжиме да ја градиме Македонија според највисоките европски вредности, стандарди, критериуми. Да продолжиме да градиме праведно општество втемелено врз мирот, вистината и слободата. Да си простуваме и да се почитуваме. Да бидеме и упорни и трпеливи. И, во сè што правиме, да се престигнуваме во добрина, вели Иванов во честитката.

Посакувајќи среќна и бериќетна Нова 2016-та година, претседателот Иванов вели дека празниците што ни доаѓаат во секој наш дом да ни донесат семејна радост, љубов и среќа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лондон, Њујорк, Париз, Дубаи спектакуларно влегоа во 2026

Катерина Ѓуровски

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

(ВИДЕО) Спектакуларен огномет во Сиднеј: Австралија ја пречека 2026 година

Горан Наумовски

Нов Зеланд ја дочека Новата година со огномет

Самоа и Киритимати први ја дочекаа 2026 година

Горан Наумовски

Новата година патува низ светот: 2026 први ја пречекуваат Кирибати, последни Американска Самоа, Бејкер и Хауленд