Кошаркарските евролигаши со синоќа одиграните пет натпревари го комплетираа првото коло од ТОП 16 фазата. Гостите постигнаа само две победи.
Лаборал славеше на гостувањето кај Жалгирис, додека Локомотив Кубан беше подобар од Цедевита. Блиску до гостинска победа беше и Црвена Звезда која минимално загуби на гостувањето во Истанбул кај Анадолу Ефес.
Резултати прво коло:
Е група:
Малага – Дарушафака 70:62,
Анадолу Ефес – Црвена Звезда 85:84,
Цедевита – Локомотив Кубан 75:89 и
Фенербахче – Панатинаикос 82:75.
Ф група:
Химки – ЦСКА Москва 91:89,
Олимпијакос – Барселона 74:62,
Жалгирис – Лаборал 68:89 и
Реал Мадрид – Бамберг 82:79.