Кошаркарскиот клуб Кожув од Гевгелија во 2016 година ќе настапува со тојца нови играчи од кои двајца се странци и еден од младинската екипа. Американецот Рајан Вајт (28) и Црногорецот е Александар Радуловиќ (31) заедно со 19-годишниот Илија Колев ќе се обидат да помогнат клубот да стигне што подалеку во македонското првенство и националниот куп.
Вајт има настапувано и за Трепча Митровица од Косово, Солеувре од Луксембург, минатата сезона беше дел од тимот на Копенхаген Вофпак од Данска. Своите почетоци ги има од Универзитетот Тексас Стејт, а првиот професинален клуб му е Алборг од Данска, каде во сезоната 2011/12 бил прв стрелец со 25 поени по натпревар.
Радуловиќ настапуваше за Даниловград, Улцињ, Зрински Мостар (БиХ), Теодо Тиват, Тимишоара (Романија) како и Шопрон од Унгарија.
Покрај странските засилувањата, КК Кожув им дава шанса и на младите кошаркари од сопствената школа. 19-годишниот Илија Колев, кој бележеше просек од 30 поени по натпревар во младинска конкуренција, е префрлен во првиот тим.