Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод Новата 2016 година, даде помилување на 174 осудени лица.
Како што соопшти денеска кабинетот на Иванов, од вкупниот број помилувани лица, 54 потполно, а 120 делумно се ослободуваат од натамошно извршување на казната затвор.