Во „Градски парк“ вечното дерби Работнички – МЗТ Скопје Аеродром

Од:

Последниот натпревар за календарската 2015 година во Првата македонска кошаркарска лига ќе се одигра попладне од 16 часот во „Градски парк“ каде Работнички е домаќин на МЗТ Скопје Аеродром.

Улогата на фаворит ја има шампион МЗТ Скопје Аеродром кој по смената на кормилото оствари низа од четири победи, но на овие средби секогаш се случувале изненадувања па и најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички се надева на позитивен резултат. Избраниците на Докузовски предводени од искусниот Чековски со поддршка од трибините ќе се обидат да го изненадат големиот градски ривал и да му го нанесат вториот пораз во годинашниот шампионат.

На првото вечно дерби сезонава во „Јане Сандански“ бранителот на титулата во интересен натпревар славеше над Работнички со 90:85.
Резултати на другите три натпревари од 12.коло:
Куманово – Струмица 94:53,
Фени Индустри – Карпош Соколи 80:86 и
Кожув – Бест 82:69.

Табела: Карпош Соколи 22 бода, МЗТ Скопје Аеродром 19, Куманово 19, Кожув 18, Фени Индустри 17, Работнички 16, Струмица 15, Бест 12.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос