Првите три натпревари од 1.коло од ТОП 16 фазата од кошаркарската Евролига одиграни синоќа завршија со победи на домашните екипи. Олимпијакос пред своите навивачи ја совлада Барселона со 74:62, додека на вториот дуел од групата Ф во „руската пресметка“ Химки славеше триумф над ЦСКА Москва со 91:89.
Еден натпревар се одигра и во групата Е: Уникаха – Дарушафака 70:62.
Вечерва се играат другите пет натпревари од воведното коло од ТОП 16 фазата:
Е-група
Анадолу Ефес – Црвена Звезда,
Цедевита – Локомотив Кубан,
Фенербахче – Панатинаикос,
Ф-група
Жалгирис – Лаборал и
Реал Мадрид – Бамберг (Ф група).