Екипата на Химки продолжува со победите во кошаркарската Евролига. Во локалното руско дерби во кое Химки беше домаќин на ЦСКА, а со кое започна втората ТОП 16 фаза во Евролигата, домаќините забележаа минимална победа со 91:89.
Дуелот во Москва е во рамките од групата Ф, во која вечерва во Атина ќе играат и Олимпијакос – Барселона. Утре на програмата се преостанатите два меча, меѓу, Жалгирис – Лаборал и Реал Мадрид – Бамберг.
Во групата Е, вечерва се игра само натпреварот Уникаха – Дарушафака, додека утре ќе играат, Анадолу Ефес – Црвена Звезда, Цедевита – Локомотив Кубан и Фенербахче – Панатинаикос.
Шеснаесетте екипи поделени во две групи, во наредните 10.кола ќе се борат за едно од првите четири места кои носат пласман во разигрувањето.