Уште една измама на која паднаа корисниците на Фејсбук

Од:

Повеќе од илјада корисници на Фејсбук „паднаа“ на уште една измама која овие денови се врти на Фејсбук, а овој пат сите „полудеа“ по заработката на Марк Цукерберг.

Корисниците масовно делат статусти каде се наведува дека Цукерберг на оние кои постот го делат заедно тагирани со пријателите ќе даде по 4,5 милиони долари.

Пораката е поврзана со вистинската најава на Цукерберг дека ќе го подели неговото богатство, но во него се наведува дека шефот на Фејсбук одлучил да даде и десет отсто од неговото богатство на обичните корисници.

Се што треба да се направи во најновата измама е да се копира и подели статусот и означат пед до десет пријатели, а Фејсбук треба да ги  прегледа  постовите на корисниците и избере илјада на оние кои ќе даде по 4,5 милиони долари.

Дури се наведуваше и дека таквата поделба на богатството на Цукерберг е најавена во телевизиската емисија „Добро утро Америка“.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он