Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини Владата на сирискиот претседател Башар ал Асад дека „безмилосно“ убила 400.000 луѓе.
Ердоган пред да отпатува на дводневна посета на Саудиска Арабија даде изјава директно насочена кон Москва.
– Никаде нема да стигнете ако го поддржувате режимот, кој бесмилoсно уби 400.000 невини луѓе со конвенционално и хемиско оружје, наведе Ердоган.
Тој ги обвини и земјите кои „го распалуваат огнот“ кои ги поддржуваат сириските курдски ворци, кои Турција ги смета за терористи поради нивната поврзаност со Курдската работничка партија (ПКК).