Кривични пријави против три лица за приредување игри на среќа без лиценца

Од:

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против И.К. (33) од Скопје,  Е.Б. (30) од струшкото село Велешта и И.А. (27) од село Корошишта поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган”.

Како што информира денеска МВР, пријавените И.К. и Е.Б. во текот на септември оваа година во два објекти во селото Велешта, организирале и приредувале игри на среќа во форма на спортска кладилница без издадена лиценца, односно дозвола од надлежниот орган. Во истиот период, пријавениот И.А. тоа го направил во објект во селото Корошиштас сопственост на неговиот татко.

На 30 септември годинава полициски службеници од криминалистичката полиција од Струга заедно со даночен инспектор од УЈП извршиле контрола во сите објекти. Притоа тие  утврдиле дека пријавените немаат дозвола од надлежен орган за таква активност односно дека приредувале игри на среќа без лиценца.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он