Ѓорческа на 341.место на ВТА листата ја завршува годината

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на последното рангирање за 2015 година од Светската тениска асоцијација се најде на 341.место без промена во однос на претходниот пласман.

За Ѓорческа 2015. Е успешна година со 15 трофеи од фјучрс турнирите, од кои три во сингл и 12 во дубл.

Таа најдобар ранг во сингл имаше во средината на септември кога беше на 326.то место.

Во конкуренција на двојки Македонката е рангирана на 271.место (пад за една позиција од мината недела) со 225 поени. Најдобриот ранг го имаше во јули кога беше 255.та.

Во машка конкуренција пласман меѓу првите 1.000 има само Томислав Јотовски. Тој  2015 ја заврши со скок од две места што му ја донесе 666.та позиција на АТП листата со 43 поени. Во јуни оваа година го имаше и својот најдобар пласман 510.место.

Најдобриот македонски тенисер во конкуренција на двојки има ранг – 798.место.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров