(ВИДЕО) Арсовски: Една работа е посмрдлива од воздухот, тоа е совеста на власта

Од:

Власта сечеше дрва, уништи паркови и дрвореди, го уништи Водно, а за загадувањето ги обвини оние кои немаат пари да се приклучат на парно и возат стари автомобили, рече Кирил Арсовски, биолог, еколог и истражувач.

– Бараме мониторинг конкретен и целосен да видиме што дишеме, кој не загадува и зошто не е казнет. Има само една работа што е посмрдлива од воздухот во Скопје, Тетово и Битола, а тоа е совеста на оние кои ништо не преземаат, рече Арсовски.

Тој апелираше дека мора да се бориме за воздухот онака како што нашите предци се бореле за слободата.

Власта управувањето со квалитетот на воздухот го гледа како политика, а институциите ги претвори во маркетинг агенции и ги угуши во партиското сивило, вели Ангела Илиевска од платформата АЈДЕ.

– Додека броите гласови, избројте до 870 илјади, тоа се пријавени случаи респираторни проблеми 2014 година. Додека го броите секое трето дете, избројте до 280 илјади, тоа се деца до 6 години со респираторен проблем во 2014. Додека ви се потребни споменици, мерцедеси, лед телевизори, мене ми е потребен само чист воздух за да го преживеам овој ден, вели Илиевска.

Таа додава дека и бил откриен редок вид на алергија, а од година во година забележував повеќе случаи како нејзиниот.

– По сите консултации со доктори во Македонија и странство, едно беше заедничко за сите, дека храната која ја јадам е растена на загадена почва, а воздухот кој го дишам е нечист. Скопје стана град на плочи и споменици, наутро се сади а навечер се сече. Еден ден е ден на дрвото, секој нареден ден на бетонот, вели Илиевска.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Врховен утврди начелен став дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина, непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза