ВМРО-ДПМНЕ предлага формирање Анкетна комисија за т.н. „фабрика за афери“

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието предлага да се формира Анкетна комисија која би се занимавала со информациите, податоците, шпекулациите околу така наречената „фабрика за афери“. Ова го најави на прес конференција денеска пратеникот од владејачката десничарска партија, Илија Димовски.

На прашање по СМС дали поттикнати од претходниот успех на Анкетната комисија за прислушувањето, пратениците решиле да се обидат уште еден проблем да решат на истиот начин, Димовски ни одговори дека за сите прашања да повелиме на следната прес конференција.

Нејасно е и зошто ВМРО-ДПМНЕ до сега не иницираше Анкетни комисии за бројните афери кои ја следат оваа власт, како „Актор“, „Македонска банка“ или личните карти незаконски издавани во МВР додека министер беше Гордана Јанкуловска.

За опозицијата случајот кој медиумите го нарекоа „фабрика за афери“ е измислен и непостоечки. Според нив тој е креиран случај кој има пропагандни цели да го сврти вниманието на јавноста, а да поведе нова постапка против првите луѓе на опозицијата. Велат дека нема да учествуваат во тоа.

М.В.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ