Нов пораз за Партизан, Црвена звезда сигурна на гости кај Тајфун

Од:

Во рамките на 17.коло од регионалната кошаркарска АБА лига вечерва се одиграа два натпревара. Црвена звезда ја оправда фаворитската улога на гостувањето во Словенија кај Тајфун, додека вториот белградски клуб Партизан доживеа уште еден пораз (трет по ред), овој пат на домашен терен од Игокеа и ја продлабочи резултатската криза во која се најде во последниов период.

Постигнати резултати на досега завршените натпревари од 17.рунда:

Металац – Сутјеска 84:78,
Цедевита – Крка 70:60,
Тајфун – Црвена звезда 63:73 и
Партизан – Игокеа 66:73.

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром утре во СЦ „Јане Сандански“ ја пречекува Мега Лекс и со евентуална победа ќе избие на петтото место.

Покрај средбата во Скопје, утре уште играат Задар – Будуќност.

Последниот натпревар за 2015 година во АБА лигата е закажан за вторник меѓу Олимпија и Цибона.

Табела: Будуќност 14-2 (победи-порази), Цедевита 14-3, Црвена звезда 13-4, Мега Лекс 10-6, Крка 8-9, МЗТ Скопје 7-9, Задар 7-9, Тајфун 7-10, Металац 7-10, Унион Олимпија 6-10, Цибона 6-10, Игокеа 6-11, Партизан 6-11, Сутјеска 5-12.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос