Соколи први со десет победи

Од:

Екипата на Карпош Соколи го победи Фени Индустри со 86:80 вечерва на гостувањето во Кавадарци во претпоследниот натпревар од 12. коло од Првата македонска кошаркарска лига.

За гостите од Скопје ова беше 10.триумф и се првиот тим со двоцифрен број победи.
Предводник во победата на Карпош Соколи беше Душан Кнежевиќ со 21 поен, додека најефикасан во домашниот состав и воедно на натпреварот беше Кирил Николовски со 25 поени.

На другите две средби од оваа рунда:

Кожув – Бест 82:69,
Куманово – Струмица 94:53.
Колото ќе се комплетира в среда со вечното дерби Работнички – МЗТ Скопје Аеродром.
Табела: Карпош Соколи 22 бода (12 натпревари), МЗТ Скопје 19 (10), Куманово 19 (12), Кожув 18 (12), Фени Индустри 17 (11), Работнички 16 (11), Струмица 15 (12) и Бест 11 (11).

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос