Тетово на точак

Од:

Велосипедистите од инцијативата Критична маса Тетово на Точак денеска својата 27. обиколка на градските улици ја почнаа и завршија со Дедо Мраз.

Трета година Дедо Мраз на велосипед ги посети децата од  Центарот за едукација и рехабилитација на деца со потешкотии во развојот – „Виножито за сите” за да ја прошири предновогодишната радост и со децата со тешкотии во развојот.

– Ирвасите ми се изгубија во овој зачаден воздух и бидејќи не сакам да ги заморувам дополнително дојдов со велосипед. Со цел Тетово да стане почисто и да се намали загадувањето велосипедот е најдоброто превозно средство во какви било временски услови, изјави Игор Ристоски кој беше маскиран како Дедо Мраз на велосипед.

Велосипедистите од Критична маса Тетово на точак очекуваат тетовци идната година да ја поддржат нивната инцијатива –  велосипедот да стане поприсутен на градските улици што ќе придонесе за намалување на загадувањето.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски