Кошаркарите на македонскиот вицешампион Куманово синоќа на свој терен забележаа убедлив триумф против Струмица со резултат 94:53.
Високата победа избраниците на Страшо Тодоровиќ ја најавија по само десет минути игра кога направија плус 14 (27:13). Во ист ритам кошаркарите на Куманово ги одиграа и другите три четвртини.
Најзаслужни за седмиот успех на Куманово во оваа сезона беа Ненад Мишановиќ со 26 поени, Димитар Караџоски со 14 и Маријан Јаневски со 12 поени, кај Струмица најефикасен е Александар Андрејевиќ со 18 поени.
Ова втор беше дуел од 12.коло од Првата лига. На првата средба одиграна во средата Кожув го совлада Бест со 82:69.
Вечер играат Фени Индустри и Карпош Соколи, а в среда е вечното дерби Работнички – МЗТ Скопје Аеродром.
Табела: Карпош Соколи 20 бода (11 натпревари), МЗТ Скопје 19 (10), Куманово 19 (12), Кожув 18 (12), Фени Индустри 16 (10), Работнички 16 (11), Струмица 15 (12) и Бест 11 (11).