Честитка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по повод Божик

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ им го честита големиот христијански празник Божик на скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов и на сите верници со католичка вероисповед во Република Македонија.

Празнувањето на големиот христијански празник Божик значи славење на љубовта, победата над предрасудите и разликите. Ова е празник на семејството, денот кога се молиме за добро здравје, среќа и радост. Чествувајќи го Божик, учиме да бидеме солидарни, да споделуваме со оние кои што имаат помалку и да им помагаме на немоќните и обесхрабрените. Овој голем празник е знак дека Бог е со нас и претставува симбол на христовото раѓање, стои во честитката.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на сите христијански верници кои што го прославуваат раѓањето на Исус Христос според Грегоријанскиот календар им посакуваат убави празнични мигови поминати со своите најблиски, исполнети со здравје, радост и бериќет.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски